6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА11 сообраќајки вчера во Скопје

11 сообраќајки вчера во Скопје

Во текот на вчерашниот ден, на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, седум со телесни повреди и три со материјална штета.

При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди додека 14 лица се здобиле со лесни телесни повреди. Потоа, 18 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената, 13 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи 11 од нив управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторни возила, еден возач бил почетник и еден возел под дејство на алкохол.

Двајца возачи се санкционирани бидејќи недале првенство на минување на пешаци, седумина – неправилно се престроиле а тројца возачи некористеле заштитен шлем при управување на велосипед со мотор, мопед или мотоцикл. Исто така, 11 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Во однос на пешаците санкциониран бил еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 97 мандатни платни налози, додека 70 возила се подигнати со специјално возило “пајак“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП