2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBroadcom почнува со откуп на акции

Broadcom почнува со откуп на акции

Производителот на чипови „Broadcom“ најави дека ќе направи откуп на обични акции за 12 милијарди долари, што ја зголеми цената на акциите за 4,5% до 250 долари, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата, која минатиот месец стави крај на напорите да за купување на својот конкурент „Qualcomm“, изјави дека програмата директно влегува во сила и ќе трае до крајот на фискалната 2019-та година.

„Broadcom“ се премести од Сингапур во САД претходно во овој месец, по одлуката на претседателот Доналд Трамп да ја блокира нејзината понуда од 117 милијарди долари за купување на „Qualcomm“ поради загриженоста за националната безбедност.

Компанијата со седиште во Сан Хозе, Калифорнија, има пазарна капитализација од околу 98,71 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП