4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев ги охрабрува компаниите: Ќе ви помогнеме

Медведев ги охрабрува компаниите: Ќе ви помогнеме

Рускиот премиер истакна дека руските компании кои се погодени од санкциите ќе добијат поддршка од државата за да им се помогне да ги задржат работниците.

„Компаниите кои се најдоа во сложена ситуација треба да добијат поддршка. Веќе дадов инструкции да се разгледаат начините за обезбедување на таквата поддршка, која би се однесувала на одреден број на компании, во металскиот, енергетскиот и одбрамбениот сектор“, изјави Медведев.

Американското Министерство за финансии неодамна воведе санкции против седум руски олигарси и 12 компании кои се во нивна сопственост или под нивна контрола, наведувајќи дека тие ќе профитираат од вклученоста на руската држава во „деструктивните активности“ ширум светот.

Медведев исто така на седница на владата изјави дека „смешните“ милитантни изјави кои можат да се слушнат од некои земји членки на НАТО дополнително ја зголемуваат неизвесноста на пазарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП