ЕКОНОМИЈА

Лоша вест за најблискиот човек на Путин, кралот на алуминиумот избришан

Американското министерство за финансии, пред некое време најави санкции против руските олигархи и 12 компании во нивна сопственост, со образложение дека Русија остварува профит низ целиот свет преку така наречените „малигни активности“.

Во групата на руски бизнисмени е и Олег Дерипаска и неговата компанија„Rusal“, чии акции се наведени во Хонг Конг, како и холдингот „En+Group”.

Акциите на компанијата „Rusal“, која се смета дека е една од најголемите производители на алуминиум ќе биде избришана од листата на светски индекси, а се најавува и забрана за тргување на Лондонската берза за метал (LME) и групите на „CME“.

Индексот „FTSE“ најави целосно отстранување на оваа компанија од своите индекси на отворениот пазар почнуваќи од денес.

Медиумите пренесуваат дека цените на акциите на„Rusal“, „En+Group“ и швајцарскиот производител на пумпи „Sulzer“ повеќе не се истакнати.

Дерипаска е еден од најбогатите руси, и е доста близок со претседателот Путин. Тој се воздржуваше од експонирање во јавноста, но неговото име стана познато и често споменувано по приватизацијата на „RTB Bor“ (рударско-металуршки басен).

За време на неговите студии тој работел за компанијата „Sayanogorsk Aluminijum Smelter“, во која беше назначен за генерален директор од 1994-та до 1997-та година.

Тој за време на приватизацијата успеал да купи голем дел од компанијата.