7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWalmart е блиску до договор за купување на Flipkart до крајот на...

Walmart е блиску до договор за купување на Flipkart до крајот на јуни

Најголемиот синџир супермаркети „Walmart Inc.“ е блиску до постигнување на договор за купување на мнозински удел во индискиот играч во електронската трговија – „Flipkart“ до крајот на јуни. Договорот би можел да стане најголемото купување на онлајн бизнис од страна на американскиот гигант, според „Ројтерс“.

Агенцијата соопшти минатата недела дека „Walmart“ ја завршени својата длабинска анализа (финансиски, даночноправен, еколошки, технички и другр преглед) за купувањето на „Flipkart“ и дала предлог да купи 51 или повеќе проценти од индиската компанија за помеѓу 10 и 12 милијарди долари.

Договорот со „Flipkart“ ќе ја зајакне битката на „Walmart“ со „Amazon“ за поголем удел од индискиот пазар за електронска трговија, кој според „Morgan Stanley“ ќе биде оценет на 200 милијарди долари за една декада. Локалните медиуми објавија дека „Amazon“ ја истражува можноста да направи контра понуда за „Flipkart“.

Двете компании одбија да коментираат.

„Walmart“ ќе купи нови и постоечки акции на „Flipkart“, а новите акции ќе ја оценат компанијата со седиште во Бенгалуру на најмалку 18 милијарди долари, покажуваат извори, цитирани од „Ројтерс“. Цената на постојните акции ќе ја процени компанијата со околу 12 милијарди долари.

Јапонската „SoftBank Group“, која поседува околу една петтина од „Flipkart“ преку својот фонд „Vision“, речиси тешко дека ќе ги продаде своите акции поради ниската цена понудена за постоечките акции.

„Ројтерс“ веќе соопшти дека инвеститори како „Tiger Global“, „Accel“ и „Naspers“ најверојатно ќе ги продадат сите свои удели во „Flipkart“ на „Walmart“, ако дојде до договор.

Но, сепак не постои такво нешто, па разговорите меѓу „Walmart“, „Flipkart“ и неговите инвеститори продолжуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП