5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилата на еврото и ризикот од трговска војна предизвика грижи во ЕЦБ

Силата на еврото и ризикот од трговска војна предизвика грижи во ЕЦБ

Претставниците на Европската централна банка изразуваат загриженост од ризикот од сеопфатна војна со САД и се загрижени од потенцијалното штетно влијание од силното евро, станува јасно од записникот од состанокот на централната банка од минатиот месец, цитиран од агенциите.

Ако се земе во предвид растот на економијата во еврозоната во последните пет години централните банкари веќе разговараа како да стават крај на периодот на „најлесните пари“ и да ги подготват инвеститорите за нормализирање на монетарната политика. Така, во март, „ЕЦБ“ ја негираше можноста да го зголемено купувањета на средства ако е потребно – симболичен потег што ја доближи банката до крајот на програмата за откуп на средства од 2,55 илјади милијарди долари до крајот на годината.

Поради зајакнувањето на еврото во последните месеци, главно поради стравот предизвикан од протекционистичката политика на САД, централните банкари ја определија единствената валута како значителен извор на несигурност, а некои дури очекуваат и негативен ефект врз инфлацијата.

Инвеститорите се прашуваат дали внимателно направениот план за излез на „ЕЦБ“ од политиката на квантитативни олеснувања може да се збуни од трговската војна во најава меѓу САД и Кина, иако од централната банка го сметаат ризикот за слаб.

„Постојат сериозни загрижености дека ризикот од трговски конфликти може да има негативно влијание врз сите вклучени страни, а тоа може да има негативен ефект врз довербата на пазарот“, велат од „ЕЦБ“.

И покрај целта на централната банка да достигне инфлација од речиси 2%, инфлацијата на потрошувачките цени се уште е слаба, и ова претставува закана за довербата на банката. Сепак, „ЕЦБ“ сé уште смета дека е прашање на време да се забрза инфлацијата.

На состанокот во март, Европската централна банка ги остави основните камати на досегашните ниски нивоа, како и без промена го задржа и планот за квантитативни олеснувања.

Што се однесува до нестандардните мерки за монетарната политика, Управниот одбор потврди дека нето набавките на средства се предвидува да продолжат со сегашната месечен стапка од 30 милијарди евра до крајот на септември 2018-та година или по тој датум, ако е потребно, и во секој пат кога Советот на управување не гледа постојана корекција на трендот на инфлација во согласност со целта за инфлација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП