5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУмерен интензитет на сообраќај на патиштата низ државата

Умерен интензитет на сообраќај на патиштата низ државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, информираат во утринското соопштение од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму додаваат дека сообраќајот на патниот правец (А3) Прилеп-Битола-Ресен преку обиколницата кај Битола е нормализиран за сообраќај. Според соопштението, на делот на свлечиштето ќе се изведуват градежни работи, а за таа цел ќе биде затворена едната лента во должина од 200 метри. Поради тоа, сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента за што се поставени и семафори кои ќе го регулираат сообраќајот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП