19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПланетата во страв: Сирија центар на нова светска војна

Планетата во страв: Сирија центар на нова светска војна

Шефот на Белата куќа, Доналд Трамп најави силен удар врз сириската армија, а Русија веќе предупреди дека ова би можело да доведе до судир на две нуклеарни суперсили. Сојузниците на САД во страв почнаа да му вртат грб на Вашингтон.

Конфликтот во Сирија се повеќе се испушта од контрола и се заканува од регионална крвава војна да направи судир на две нуклеарни суперсили – Америка и Русија.

И покрај заканите на Вашингтон, спремно е да се возврати на секој ракетен напад врз сирискиот лидер Башар ал Асад, кој е обвинет за хемиски напад врз цивили. Шефот на Белата куќа, Доналд Трамп вчера потврди дека нападот може да се случи во секој момент. Со оглед на тоа што дури и најсофистицираните проценки предвидуваат дека само во првиот удар на нуклеарни проектили, милиони луѓе ќе бидат убиени, доведе некои од најблиските сојузници на САД, како што е Германија да не ја поддржат оваа иницијатива, а најборбените генерали на НАТО да бараат попуштање на Кремљ.

Црвениот телефон работи

Официјалната Москва не сакаше да одговори на овие закани, но портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека е активна посебна комуникациска линија помеѓу руските и американските воени претставници.

Од најблиските сојузници на САД, само официјален Лондон побрза да се вклучи во можен напад – британскиот премиер Тереза Меј го повика воениот кабинет и им нареди на подморниците да се приближат кон Сирија, со цел да има домет на ракетите “Томахавк”. Францускиот претседател Емануел Макрон вчера рече дека има докази за употреба на хемиско оружје во Дума, и дека одлуката за акција ќе ја донесе “навремено”.

– Употребата на хемиско оружје е неприфатлива, но Германија нема да учествува во можна воена акција – рече вчера канцеларката Ангела Меркел.

  • Русија 6.800 нуклеарни глави
  • Америка 6.600 нуклеарни глави

Италија нема да има директна улога во можниот воен напад на сириската влада, но ќе служат за логистичка поддршка на своите сојузници.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој се бори во Сирија, во исто време со рускиот сојузник Асад и со американските сојузници- Курдите, изјави дека нема намера да ја прекинува соработката со Москва, ни со Вашингтон, а ниту со Иран.

Поранешниот американски претседател Џими Картер (93), го предупреди Трамп да избегне воена акција во Сирија.

-Молам да се зачува нашата држава во мир. Секоја нуклеарна размена може да значи катастрофа за сите човечки суштества, рече тој.

Проценка на бројот на жртви од евентуална нуклеарна војна

Атомската бомба била употребена само два пати во војна – во нападите врз Хирошима и Нагасаки во 1945 година, така што повеќето луѓе не знаат кои се реалните последици од нуклеарната војна помеѓу две суперсили како што се Русија и Америка. Сепак, според некои проценки на американските научници направени на крајот на Студената војна, секоја прогноза е многу темна.

– Во случај на мал напад, со најмногу 10 проектили на рафинериите за нафта, ќе дојде до смрт на 20 милиони луѓе во Америка и 10 милиони луѓе во Русија. Во случај на општ напад со нуклеарно оружје, меѓу 70 и 160 милиони луѓе ќе бидат убиени во САД, додека 58 до 116 милиони луѓе ќе бидат убиени во СССР, пишува во истражувањето на ОТА од 1979 година.

Можни сојузи

Со САД
Велика Британија
Франција
Саудиска Арабија
Израел
Курдски сили

Заедно со Русија
Сирија
Иран
Кина (?)

Неутрални
Германија
Турција

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП