3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаместо сегрегирни во домови, социјално згрижените ќе се адаптираат на секојдневието и...

Наместо сегрегирни во домови, социјално згрижените ќе се адаптираат на секојдневието и животот во заедница

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) денеска првпат ја презентира нацрт-националната стратегија за деинституционализација (2018-2027), која, како што велат оттаму, е резултат на неколкумесечна напорна работа, водена од тим од странски и домашни експерти.

Од Министерството појаснуваат дека деинституционализацијата значи премин од социјална грижа што се обезбедува во големи резиденцијални институции кон грижа во заедницата.

„Ако, на пример, на некое лице со попреченост или дете без родители му е потребно згрижување од државата – тука се големите безлични институции каде што лицето ќе добие згрижување на начин што го сегрегира од средината. Алтернативата се социјални услуги во заедницата: можност лицето да добие поддршка во својата сопствена средина, во заедницата, во оној момент кога му треба, на начин што одговара на неговите потреби. Деинституционализација е промена од социјални услуги по мера на системот во социјални услуги по мера на граѓанинот нудејќи можност за активно учество на згрижените лица во животот на заедницата и јакнејќи го нивното лично достоинство“, стои во соопштението.

Првите преселби на корисници од сегашните институции во служби за живеење со поддршка во заедницата ќе бидат на средината од оваа година. Клучните заложби за наредниот период се да нема деца под тригодишна возраст сместени во институции до 2020 и да се трансформира Специјалниот завод во Демир Капија.

„Деинституционализацијата е процес што декларативно се спроведува веќе дваесетина години, но досегашните напори беа инцидентни и без континуитет, а постигнувањатата се скромни. Придобивките од деинституционализација за сите се појдовната основа за решеноста и посветеноста на Владата и МТСП да изградат современ, ефективен и ефикасен систем за социјална грижа што ги почитува човековите права на граѓаните“, се вели во соопштението на Министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП