29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес топло со температура до 28 степени

Денес топло со температура до 28 степени

Денеска, времето претпладне ќе биде претежно сончево, а попладне облачноста ќе се зголеми, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура на воздухот ќе се движи од 4 до 8, а максималната од 22 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност, а попладне ќе има краткотрајно зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а температурата ќе се движи во интервалот од 8 до 26 степени.

Во наредните денови во поголем дел од земјата времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Услови за изолирана појава на краткотраен дожд ќе има претежно во западните делови. В сабота облачноста уште повеќе ќе се зголеми, а в недела со зголеменото наоблачување ќе има услови за краткотраен локален дожд, особено во западните делови на земјата. Од понеделник ќе биде врнежливо и посвежо за неколку степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП