3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Аеродром со целодневна хуманитарна забава за роденденот

Општина Аеродром со целодневна хуманитарна забава за роденденот

Роденденот на општина Аеродром што ќе се случува в сабота годинава ќе биде отворен настан во паркот со авион како целодневна забава за граѓаните од сите возрасти.

Роденденската забава има хуманитарен карактер, така што во соработка со Црвениот крст се собираат средства за социјално загрозени семејства на територија на општина Аеродром. Сите кои сакаат да помогнат на социјално загрозени семејства од општина Аеродром, можат на донираат на жиро-сметката на Црвен Крст на Република Македонија – ‎‎‎‎‎300000000206646 Комерцијална банка или да ги доделат на местото на на настанот во специјалните кутии за донации.

Општина Аеродром соопшти дека ќе го промовира и социјалното претприемништво. За таа цел, здруженија од општината што работат со ранливи категории „Лице в лице“, „Солем“, „Во мојот свет“ и „Порака“ ќе ги претставуваат своите производи на повеќе локации во паркот.

Програмата ќе почне од 12:00 часот со настап на децата од детските градинки и основните училишта со ритмички точки, балет, хип-хоп настапи, драматургија, соло-пеење со флејта и народни ора, на кои ќе им се придружат магионичар и улични забавувачи.

Во рамки на организацијата ќе има три натпревари во кои учествуваат сите основни училишта. Ќе се доделуваат награди за најдобар кошаркар, најдобар ликовен уметник и поет.

Во вечерниот дел, кој ќе трае до полноќ, забавата ќе ја збогатат бендови и изведувачи од Аеродром со концерти на квартетот на Македонската опера и балет, Марко Кума и Црни, Бени со „Нон стоп“ и Златко Ориѓански и ќе заврши со журка со музика по избор на Драган Б. Костиќ.

Покана до граѓаните за масовно присуство на роденденската забава на општина Аеродром упати и Нора Шаќири, која ќе ја води целата програма. Таа потенцираше дека настап ќе имаат познати естрадни уметници кои се буквално родени во општина Аеродром и изрази надеж дека граѓаните ќе покажат хуманост за социјално загрозените семејства во општината. „Дојдете да поделиме заедно радост, но и малку тага. Дојдете да помогнеме, но и да ги охрабриме младинците од Аеродром“, рече Нора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП