4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелковски: Исполнувањето на стандардите во полициското работење значи успешна борба против секаков...

Велковски: Исполнувањето на стандардите во полициското работење значи успешна борба против секаков криминал

Реформите во безбедносниот систем и идните планирани активности во оваа сфера бараат исклучителна посветеност од страна на Министерството за внатрешни работи, но и поддршка од меѓународната заедница која секогаш е добредојдена, рече директорот на Бирото за Јавна Безбедност Лазо Велковски, на вчерашната конференција во хотелот „Александар Палас“, посветена на поддршката што ја дава меѓународната заедница на Министерството за внатрешни работи во реформскиот процес.

Велковски истакна дека исполнувањето на стандардите во полициското работење претпоставуваат успешна борба против сите видови на криминал, но и почитување на човековите права и слободи.

На конференцијата покрај претставници од голем број организациски единици од МВР, присуствуваа и повеќе од 20 претставници на акредитираните амбасади во земјава и на меѓународните организации кои даваат помош и поддршка на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи.

Меѓу другото, во рамки на работната сесија, се донесоа заклучоци за понатамошна соработка помеѓу МВР и меѓународната заедница кои имаат единствена цел – подобрување на безбедноста на граѓаните во Република Македонија и изградба на праведно општество кое ќе биде гарант за стабилноста и заштитата на сите што живеат и престојуваат во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП