19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку основни правила кои треба да ги почитувате доколку сакате успех во...

Неколку основни правила кои треба да ги почитувате доколку сакате успех во бизнис светот

Патот до успехот ќе го пронајдете доколку ги анализирате следниве правила… кои секој на некаков начин треба да ги почитува. Тие можеби се правила од општа култура, но понекогаш се случува да ги заборавиме и да се опуштиме, а тоа не чини многу. Поправете се некаде доколку грешите!

За интервјуто одберете облека со неутрални бои

Истражувањата покажуваат дека на шефовите им се допаѓаат кандидатите кои носат сина или сива боја комбинирани со пастелни тонови.

Внимавајте на интонацијата и не бидете лежерни додека зборувате

Монотониот глас и изјавите кои звучат како прашања оставаат впечаток на несигурни девојки.

Вклучете се најбрзо што можете

Потенцијалните вработени кои имаат што да кажат на почетокот на средбата се подобро оценети од оние кои нетрпеливо го чекаат крајот.

Престанете прекумерено да се извинувате

Жените имаат навика да кажат извини дури и кога не сториле ништо лошо, превземајќи ја на себе одговорноста за грешките на другите.

Чувајте ги вашите емоции под контрола

Без оглед што ви се случува во приватниот живот, доколку заплачете или збеснете ќе испаднете незрели.

Никогаш не претпоставувајте дека сте заменливи

Можеби само што сте пристигнале во компанијата, но ако веднаш се откажете, тоа вашиот шеф ќе го чини и време и пари додека да ви пронајде замена.

Ракувајте се цврсто

Слабиот стисок дава впечаток на несигурна личност без ентузијазам, а цврстиот на некој кој е сигурен.

Отфрлете ги бесмислените жалења

Во ред е да ја изразите својата загриженост или поплака, но само во случај кога имате предлог за решение на проблемот.

Не бидете канцелариски цинкарош

Се разбира дека е во ред да реагирате доколку видите нешто нелегално, но ако станува збор за нешто ситно, премолчете.

Престанете со кикотење

Кикотењето звучи детски и за него нема место во деловното опкружување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП