8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVW го собира целиот врв – следуваат тектонски промени

VW го собира целиот врв – следуваат тектонски промени

Германски „Volkswagen“ денеска го собира својот надзорен одбор со цел да спроведе големи промени на чело на групацијата. Одлуката на одоброт ќе биде објавена преку соопштение на компанијата.

Медиумите веќе со денови шпекулираат дека генералниот директор на групацијата од 2015-та, Матијас Милер ќе биде заменет со Херберт Дис, моменталниот шеф на централниот бренд „Volkswagen“ во рамките на концернот. Се шпекулира дека Милер би можел да си замине веќе во петок.

Компанијата во вторникот на општо изненадување најави дека планира „промени“ во својот врв, без давање на дополнителни детали.

Во соопштението на групацијата беше наведено дека Милер е подоготвен да допринесе на промените.

„Volkswagen“ го повика Милер напомош во екот на скандалот со мамењето на тестовите за нивото на издувни гасови и беше поставен на местото на Мартин Винтеркорн кој беше принуден да поднесе оставка.

Милер, поранешниот претседател на „Porsche“ чиј договор треба да трае до 2020-та гдоина, започна сеопфатна реконструција на компанијата со електрификација и намалување на трошоците се обидуваше да го извлече концернот од проблемите.

Милер пред се управуваше со кризата, предизвикана од издувните гасови, и голем дел од таа задача сега е завршена.

Скандалот поради кој против групацијата беа поднесени тужби во САД и поради кој беа претресувани нивните канцеларии во Германија, ја чинеше околу 25 милијарди евра за отповикување на возила и судски постапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП