1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите одговорија на ултиматумот: Може, но ова се условите

Русите одговорија на ултиматумот: Може, но ова се условите

Рускиот гигант Газпром соопшти дека ќе го задржи транзитот на гас за Европа преку Украина, како што побара германската канцеларка Ангела Меркел.

Меѓутоа, како што наведоа, тој ќе биде во намален обем и под одредени услови.

„Може да се задржи одреден транзит (преку Укрина) со обем од 10 до 15 милијарди кубни метри годишно, но украинската страна треба да ја оправда економската корист на новиот договор за тоа“, наведе директорот на Газпром, Алексеј Милер.

Транзитот на рускиот гас преку Украина, кој пред десетина години претставуваше до 15 проценти од гасот кој го троши Европа, значително е намален во последните неколку години, особено по пуштањето во работа на Северниот тек 1 преку балтичките земји.

Поради лошите односи со Киев, Газпром претходно наведе дека по истекот на договорот во 2019 година ќе го прекине транзитот преку Украина.

Германската канцеларка предупреди дека проектот за подводниот руско-германски гасовод Северен тек 2 не е возможен без прецизирање на улогата на Украина во копнениот транзит на рускиот гас кон Европа.

„Не е можно поради Северниот тек 2 Украина да нема никакво значење во транзитот на гас“, изјави Ангела Меркел на конференцијата за новинари со украинскиот претседател Петро Порошенко.

Северниот тек 2 е проширување на постоечкиот гасовод преку Балтичкото море, со што се заобиколуваат источноевропските земји кои учествуваат во транзитот на рускиот гас кон други земји од Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП