5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСо нов мега проект, арапскиот гигант освојува нова држава

Со нов мега проект, арапскиот гигант освојува нова држава

Рафинеријата која се наоѓа на одалеченост од 350 километри јужно од главниот град на Мумбај, според податоците ќе има околу 1,2 милиони барели сурова нафта дневно, соопшти,, Saudi Aramco”.

Индиската брзорастечка економија има се поголема потреба од нафтени продукти.

Ова е еден од најголемите проекти во светот од областа на нафтената и петрохемиската обработка, изјавува ,, Saudi Aramco“.

,,Aramco” ќе има половина удел, додека другата половина ќе биде распределена на другите компании во конзорциумот, рече индискиот министер за енергија Дармендра Пратхан.

Наведено е дека, постои можност за воведување стратешки партнер со кој оваа нафтена компанија ќе го дели уделот во овој проект.

Овој договор се прави  24 часа по потпишувањето на договорот со француската компанија ,,Total S.A”. за изградба на огромен петрохемиски комплекс во Саудиска Арабија вреден околу 5 милијарди долари. Се очекува овој проект да отвори 8.000 работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП