26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Македонски железници“ потпишаа европска декларација за култура на безбедност во железничкиот сектор

„Македонски железници“ потпишаа европска декларација за култура на безбедност во железничкиот сектор

На првиот самит за култура на безбедност во железничкиот сектор, кој се одржа во Дубровник, Хрватска, организиран од европската агенција за железници, Јавното претпријатие „Македонски железници – инфраструктура“, Управата за сигурност во железничкиот систем во Република Македонија и компаниите учеснички, вклучувајќи ги тука и најголемите железнички компании во Европа, ја потпишаа европската декларација за култура на безбедност во железничкиот сектор The European Railway Safety Culture Declaration.

Според Асани, оваа декларацијата претставува значаен документ за понатамошниот развој на железничкиот сообраќај и во Македонија.

„Декларацијата демонстрира посветеност на нејзините потписнички во промовирање на сигурноста на железничкиот сообраќај, како и во целата железничка индустрија. ЈП ‘МЖ -инфраструктура’ во целост ја прифаќа содржината на оваа декларација и целосно ќе ја промовира меѓу вработените и на компаниите со кои соработуваме”, истакна Асани по потпишувањето.

Според директорот на Управата за сигурност во железничкиот систем во Република Македонија, Абдулкадир Исаки, потпишувањето на оваа декларација е од големо значење за целиот железнички систем во Македонија.

Со оваа декларација сите потписнички заедно активно ќе поттикнуваат меѓусебно почитување, поддршка и соработка за да се изгради меѓусебна доверба за да се овозможи работата да се изврши безбедно, вклучувајќи го описот на работното место, алатки, обука и процедури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП