21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗToyota е лидер според продажбата во 2018-та

Toyota е лидер според продажбата во 2018-та

Јапонската компанија „Toyota“ е убедлив лидер во продажбата на светските пазари кај поединечните брендови во првите 2 месеци од 2018-та година, покажува статистиката на организацијата за анализи на автомобилските пазари „focus2move“.

За јануари и февруари „Toyota“ продала 1.358.225 автомобили, што е за 2,9% повеќе од истиот период од 2017-та година. Интересно е дека само во февруари јапонците запишуваат пад за цели 4,9%, па резултатот за овој месец е 640.554 продажни возила.

Втората позиција е за германската марка „Volkswagen“, која исто така успеала да ја надмине границата од милион продажби за првите два месеци од годината. Во Германија е забележано зголемување од 4,1%, но со само 0,5% во февруари.

Во првата тројка спаѓа и американскиот бренд „Ford“ со 841.207 продадени возила (415.175 бројка само за февруари). Сепак, брендот забележа пад во двата месеци од годината во споредба со истиот период во 2017-та година.

Топ 10 брендови според продажбата во 2018-та:

Во првата колона е местото на брендот, во втората – нејзиното име, а во третата – продажба за првите два месеци од 2018-та година. Во четвртата е наведен само резултатот за февруари, а во последната – разликата во однос на првите два месеци од 2017-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП