24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводството во Велика Британија се намали за прв пат по скоро една...

Производството во Велика Британија се намали за прв пат по скоро една година

Производството на Велика Британија се намали за прв пат по 11 месеци во февруари, главно поради падот во производството на машини и опрема, соопшти „Bloomberg“.

Фабричкото производство се намали за 0,2% во споредба со јануари, кога производството остана непроменето, покажуваат податоците од националната статистика. Вкупното индустриското производство се зголеми за помалку од проектираните 0,1%, бидејќи одржувањето на температурите под просекот ја зголеми побарувачката за енергија.

Ова стави крај на невиден раст за производителите, кои помогнаа да се зајакне економијата.

Седум од 13-те производствени индустрии запишаа пад во февруари, а секторот на машини и опрема се намали за 3,9% по силниот јануари. Во текот на изминатите три месеци, фабричкото производство е зголемено за 0.6%, што е најслаб резултат од јули.

Сепак останува дискутабилно дали лошото време влијаеше на производството во февруари, бидејќи студовите, кои ја зафатија престолнината, почнаа само на крајот на месецот. Сепак, ова може да придонесе за намалување на градежниот производ од 1,6% во месецот.

„Bloomberg“ наведува дека растот може да се засили од трговијата, откако во февруари дефицитот на стоки и услуги се намалил многу повеќе од прогнозираните – до 1,65 милијарди фунти (1,37 милијарди долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП