29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоловина Грци живеат под границата за сиромаштија

Половина Грци живеат под границата за сиромаштија

Во моментов 48 проценти од жителите на Грција, односно 5,1 милион Грци живеат под границата за сиромаштија, која изнесува 382 евра месечно, покажува официјалната статистика.

Од тие 49 проценти, околу 1,5 милиони Грци живеат во услови на крајна сиромаштија, односно добиваат под 182 евра месечно.

Експертите очекуваат дека во 2019 година ќе дојде до поголема сиромаштија по примената на мерките кои ги усвои актуелната влада и договорот со надворешните кредитори, кои предвидуваат понатамошно намалување на пензиите и намалување на неоданочениот даночен минимум.

Просечната месечна плата на околу два милиони вработени во приватниот сектор е 920 евра, а просечната бруто заработка на околу 1,5 милиони државни службеници изнесува 1.148 евра.

Истовремено, повеќе од милион пензионери живеат со минимални пензии од 364 и 500 евра месечно во зависност од тоа каде е таа стекната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП