10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСо упорност до успешност

Со упорност до успешност

Одредете ги приоритетите и целото внимание и енергија посветете ги на нивното остварување…

Дали сте и вие едно од оние лица кои во одредени периоди од животот одлучиле да внесат барем некоја значајна промена, во стилот „ќе водам повеќе сметка за здравјето, ќе престанам да пушам, ќе поминувам повеќе време со семјството, ќе научам нешто ново“, a не го исполнувате тоа? Без грижи, не сте единствени…

Психолозите тврдат дека повеќето луѓе во текот на животот најмалку 10 пати донеле слични одлуки. За жал, праксата покажла дека многу мал број од нив останале доследни и успеале да ги остварат. Според проценките на експертите, дури 25 проценти од одлуките за 2015 година ќе бидат заборавени, поточно, веќе во првиот квартал. А оние кои овој пат цврсто се решиле да истрајат и да го променат животот на подобро, психолозите ги советуваат:

Бидете реални. Не се преценувајте себеси и одредете цели кои можете да ги остварите за да не се разочарате во случај на неуспех.

Однапред подгответе се. Доколку вашите желби за промена се поврзани на пример со здравственото прашање и подразбираат драстична промена во начинот на исхраната и начинот на живот, претходно за се добро информирајте се. Ќе успеете само ако се наоружате со знаење и трпение. Дознајте на време што се треба да направите за да успеете.

Одредете приоритети и целото внимание и енергија посветете го на нивното остварување.

Бидете упорни, доследни и одлучни!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП