11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинескиот конгломерат HNA Group го продава уделот во Hilton

Кинескиот конгломерат HNA Group го продава уделот во Hilton

Главниот акционер во „Hilton Worldwide Holdings“, „HNA Tourism Group“, ќе продаде околу 63 милиони обични акции на „Hilton“ преку планираната секундарна понуда. Така, компанијата ги потврди сигналите дека ќе се раздели со својот удел во американскиот хотелски оператор, објави „Ројтерс“.

Продажбата е дел од напорите на компанијата мајка на „HNA Tourism“ – кинескиот конгломерат „HNA Group“, да ги преиначи големите операции и да собере готовина преку продажба на акции и на првокласни имотни средства.

Реструктуирањето следува по серијата од превземања во вкупна вредност од 50 милијарди долари во последните две години, кои ги натераа кинеските власти да ја испитаат нетранспарентната сопственост и користењето на кредити од страна на компанијата.

„Hilton“ ја објави понудата за акции во понеделникот и во исто време ја зголеми прогнозата за заработувачка во првиот квартал. „HNA Tourism“ има сопственост на околу 82,5 милиони акции во „Hilton“ од 5-ти април. Минатата недела, „HNA Group“ објави дека ќе продаде дел или целиот дел од својот удел од 6,3 милијарди долари во „Hilton“.

Хотелскиот синџир, кој го поседува брендот „Waldorf Astoria“, ја зголеми прогнозата за приспособениот профит по акција во првиот квартал до 52-54 центи по акција во однос на предвидените пред тоа меѓу 43 и 47 центи.

„Hilton“ ја зголеми и прогнозата за приходите од расположливите соби (RevPAR), клучна мерка во презентацијата за хотелската индустрија, до 3,5-4 центи во однос на 1-3 центи, прогнозирани пред тоа.

Прогнозата за „RevPAR“ е поголема од очекуваното, изјави аналитичарот од „Morgan Stanley“, Томас Ален и додаде дека таа најверојатно била поддржана од зачувување на стабилноста на странските пазари, особено во азиско-пацифичкиот регион.

„Hilton“ постигна најсилен раст во својот меѓународен бизнис во Азиско-пацифичкиот регион во четвртиот квартал, поттикнат од зголемената побарувачка во Кина.

Компанијата објави дека купувачите ќе имаат можност за 30 дена да купат до 9,4 милиони дополнителни обични акции на „HNA“. „Hilton“ се согласи да ги откупи 10 милиони обични акции на „HNA“ по цена еднаква на цената по која купувачите ќе ги купуваат акции на „HNA“. Тоа изнесува помалку од 1% од почетната цена на јавната понуда.

„Hilton“ ќе може да откупи од „HNA“ до 6,5 милиони дополнителни обични акции по истата цена. Компанијата нема да добие никакви приходи од продажбата на акциите на оваа понуда, потенцираа од „Hilton“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП