3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави мартовскиот билтен: промет од над 3,4 милијарди денари

Македонска берза го објави мартовскиот билтен: промет од над 3,4 милијарди денари

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.03.-31.03.2018 година вкупниот промет изнесувал 3.481.460.355 денари и е зголемен во однос на февруари за 873,60 отсто. Големиот промет за март главно се должи на блок трансакциите направени со акциите на Комерцијална банка АД Скопје.

Класичното тргување изнесува 350.909.997 денари и е зголемено во однос на февруари за 9.87 отсто кога изнесувало 319.400.934 денари.

Во класично тргување истргувани се акции во вредност од 301.000.888 денари и обврзници во вредност од 49.909.109 денари.

Блок трансакциите за март изнесуваат 3.130.550.358 денари.

Бројот на трансакции за март изнесува 1.947 и е зголемен за 22,38 отсто во однос на февруари кога изнесувале 1.591.

Според прометот најтргувани се акциите на Комерцијална банка, следи НЛБ Банка и Стопанска банка АД Скопје е на трето место.

Месечниот статистички билтен за март 2018 година можете да го погледнете тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП