13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Најпродаваните марки на спортски обувки во светот

График на денот: Најпродаваните марки на спортски обувки во светот

Овие денови обувките за кошарка, тенис и трчање не се ограничени само на игралишта и патеките, бидејќи нивното име може да доведе до заблуда. Спортските обувки можат да бидат забележани насекаде – од сали до модните писти, и компании како „Nike“ и „Adidas“ заработуваат милијарди, така што ја задоволуваат манијата за патиките, пишува „Statista“.

Со годишна продажба на спортски обувки во вредност од 21,1 милијарди долари во 2017-та година (зголемување во однос на 19,9 милијарди долари во 2016-та година) „Nike“ ја задржува лидерската позиција на глобалниот пазар на патики, иако „Adidas“ стигна до одреден степен на застој зад американскиот гигант во спортската опрема.

Германската марка оствари продажба од 14,9 милијарди долари во 2017-та година и исто така порасна во однос на 10,7 милијарди долари од пред една година. Јапонската компанија „Asics Sports Shoes and Equipment“ ја освои третата позиција со продажба од 3 милијарди долари, во однос на 2.8 милијарди долари во 2016-та година.

Германската марка „Puma“ и американската „Under Armour“ ги дополнуваат првите пет со продажбата од соодветно 2,4 милијарди долари и 1 милијарди долари во 2017-та година. Првата го подобрува својот резултат со 700 милиони долари наспроти 2016-та година, а втората ја задржува продажбата на исто ниво како и во претходната година.

„Nike“ брзо развива сопствен бренд во 70-тите години на минатиот век, кога се појавуваат некои од нејзините култни модели.

Интересно е што некои од моделите објавени во 1970-тите се уште се меѓу најпопуларните обувки на „Nike“ денес. Пазарот на патики е уникатен бидејќи постојано се движи меѓу иновациите и носталгијата. Обувките создадени во 70-тите и 80-тите години од минатиот век се уште се продаваат подеднакво добро или во многу случаи подобро, отколку обувките создадени преку најсовремената технологија, забележува „Statista“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП