4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасходите за природни непогоди достигнаа рекорд во 2017-та

Расходите за природни непогоди достигнаа рекорд во 2017-та

Трошоците за покривање на штетата од природните катастрофи достигнаа рекорд во 2017-та година. Ова е студија на швајцарскиот реосигурувач „Swiss Re“. Првичните проценки на компанијата беа пониски.

Во минатата година економските загуби предизвикани од природни катастрофи и инциденти предизвикани од човек – пожари или индустриски несреќи – се зголемија до 337 милијарди долари (273 милијарди евра), забележа „Swiss Re“ во својата студија.

Загубите покриени од осигурениците по катастрофи се еквивалентни на 144 милијарди долари. Со овие податоци, 2017-та година е година во која најголем дел од трошоците се пријавени досега, според „Swiss Re“. Компанијата го прави ова истражување веќе 50 години.

Во декември швајцарската компанија објави прелиминарна проценка во која забележа економски загуби за 306 милијарди долари и трошоци за осигурениците од 136 милијарди долари, но уште тогаш појасни дека овие бројки ќе бидат ажурирани поради обемот на штетите поврзани пред се со ураганите.

Трите ураганот – Харви, Ирма и Марија, кои ги зафатија Карибите и југоисточното крајбрежје на САД, предизвикаа загуби за 217 милијарди долари и 92 милијарди долари трошоци за осигурениците. Така, 2017-та година стана втората најскапа година за нив по штетата предизвикана од ураганите Катрина, Рита и Вилма во 2005-та година.

Трошоците предизвикани од пожари достигнаа рекордни нивоа за осигурениците. Тие покриваат 14 милијарди долари отштета за огнените елементи што беснееле во Калифорнија, но исто така и во Канада и Португалија.

2017-та година беше одбележана со бројни природни катастрофи, меѓу кои урагани и пожари во кои се додадоа циклонот Деби во Австралија и земјотресите во Мексико.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП