19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретпадне умерено облачно, попладне намалување на облачноста

Претпадне умерено облачно, попладне намалување на облачноста

Времето претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 4 до 11 степени, а максималната од 19 до 25 степени.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб јужен ветер. Температурите ќе достигнат до 24-от целзиусов степен.

Во наредните денови во поголем дел од земјава времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а услови за изолирана појава на краткотраен дожд ќе има во западните делови.

Поголемо наоблачување со локален дожд ќе има за време на викендот и на почетокот од наредната работна седмица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП