6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСанкциите на САД предизвикаа војна од високи размери

Санкциите на САД предизвикаа војна од високи размери

Рускиот милијардер Владимир Потајнин изјави дека санкциите кои САД ги воведе за Русија претставуваат трговска војна од големи размери.

Потајнин не ја исклучува можноста за ескалација на санкциите, но тврди дека состојбата на неговата компанија која произведува метал на пазарот е стабилна, пренесува ,,Ројтерс”.

„Новите американски санкции, како што и се очекуваше, предизвикаa пад на акциите на пазарот и зголемување на нестабилноста, и ќе биде потребно време за пазарот и економијата да се прилагодаат на таквата состојба“, изјави гувернерката на централната банка на Русија, Елвира Набиулина.

Таа, на прес-конференцијата за новинарите, истакна дека централната банка располага со доста ресурси кои се достапни за елиминирање на евентуален ризик, но засега не е забележана никаква промена во финансиската стабилност на Русија.

Официјалниот портпарол на Кремљ, Димитар Песков, порачува дека падот на цените на руските сретства, најверојатно е последица на емоционална реакција и дека најверојатно ќе дојде до смирување на страстите.

Руската рубља продолжува да опаѓа, валутата падна за 0,4 % на најниско ниво од декември 2016-та година, причина е наглата распродажба на руските сретства од страна на инвеститорите.

Имено, следува уште еден пад на руската валута, во текот на вчерашниот ден таа бележи пад за 4,2% на 63,28 рубљи за долар, додека во однос на еврото загуби 4,4 % од вредноста, тргуваќи на ниво од 77,94 рубљи за евро.

Валутата во понеделникот  претрпе најголем пад во последниве три години, но и акциите на водечките руски компании нагло опадна поради бурната реација на инвеститорите по американските санкции.

Меѓу олигарсите погодени од овие санкции се сопругот на путиновата ќерка Кирил Шамалов, бизнисменот Олег Дерипаска кој е под истрага за наводно перење на пари, Сулејман Керимов кој е обвинет за пренесување на милиони евра во Франција и генералниот директор на ,,Газпром” и повеќе од дванаесет компании кои се под нивна контрола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП