ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводните цени во САД се зголемија повеќе од очекуваното во март

Производните цени во САД се зголемија повеќе од очекуваното во март

Производните цени во САД се зголемија повеќе отколку што се очекуваше во март, под влијание на повисоките трошоци за здравствени услуги, трошоци за авиокомпании и друго, јави „Ројтерс“.

Индексот на цените на производител е зголемен за 0,3% во минатиот месец, откако во февруари се зголеми за 0,2%.

Тоа го забрза годишното зголемување на „PPI“ до 3% во однос на 2,8% во февруари. Економистите анкетирани од „Ројтерс“, прогнозираа дека „PPI“ ќе порасне за 0,1% во минатиот месец и за 2,9% во однос на една година порано.

Клучниот индикатор за основните цени на производител кој ги исклучува храната, енергетските и трговските услуги, се зголеми за 0,4% минатиот месец, а се зголеми со истото темпо веќе трет месец. Т.н. главен „PPI“ е зголемен за 2,9% во 12-те месеци до март, најголемото покачување од август 2014-та година, откако во февруари достигна 2,7%.

Зголемувањето на цените на големо ги поддржува очекувањата дека инфлацијата ќе се забрза во оваа година. Економистите сметаат дека затегнувањето на пазарот на труд, слабиот долар и фискалните стимулации во форма на намалување на даноците и зголемување на државните расходи ќе ја стимулираат инфлацијата до 2-процентната цел на ФЕД за оваа година.

Федералните резерви ги зголеми каматните стапки минатиот месец и остварија уште две зголемувања на каматите во оваа година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП