2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Филипините се гради „град на иднината“ (фото+видео)

На Филипините се гради „град на иднината“ (фото+видео)

Градскиот проект, кој ќе се вика „Њу Кларк Сити“, е планиран како високо-технолошки зелен град со ветувачки технологии од роботи преку беспилотни летала до автономни автомобили.

Градот ќе се наоѓа 120 километри од главниот град на Филипините, а инвеститорите се надеваат дека тоа ќе биде прв од ваков вид во земјата – паметен, одржлив и отпорен на природни катастрофи.

Се разбира, многу земји се обидуваат да изградат сопствена верзија на „градот на иднината“, а на Филипините им претстои долг пат за економски развој, па финансиската иднина на проектот не е сигурна.

Според неговите главни учесници, проектот главно се финансира преку јавно-приватни партнерства.

Изградбата на градот може еден ден да зафати дел од напнатоста во блокираниот главен град Манила, според сингапурската компанија „Surbana Jurong“, еден од партнерите во проектот.

Паметниот град има за цел да ги користи новите технологии кои ќе се справат со проблемите што произлегуваат од зголемената густина на население во земјата од Јужна Азија.

„Веројатно ќе има автономни возила што ќе ги намалат барањата за паркирање“, вели извршниот директор на „Surbana Jurong“, Хенг Фајн за „CNBC“.

Новиот градски проект ќе се претвори во „брат близнак“ на Манила, според него. „Постепено ќе гледате како Манила се претвора во еден поинаков тип град, можеби повеќе финансиски, со цел поддршка на „Њу Кларк Сити“, а во „Њу Кларк Сити“ пак ќе гледате нови технолошки компании“, објаснува тој.

Привлекување на клиенти кои би сакале да се преселат од Манила во „Њу Кларк Сити“ веројатно ќе биде предизвик.

Филипинската влада неодамна најави дека планира да премести дел од канцелариите во „Њу Кларк Сити“, но основниот план е странските инвеститори да се населат таму.

Во исто време, новите инфраструктурни проекти би можеле да ги приближат Манила и „Њу Кларк Сити“. Во моментов јапонската компанија „Japan Overseas Infrastructure Investment Corporation for Transport & Urban Development“ гради нова железничка линија.

Возот ќе го намали времето за патување помеѓу двата града од сегашните 2-3 часа до само 1 час.

Првата фаза од проектот се очекува да биде финализирана до 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП