Канцеларката Меркел изјави работењето на новиот гасовод ,,Северен поток 2“ меѓу Русија и Германија не може да продолжи без да се дефинира украинската улога како транзитна земја за гас.
„Не станува збор само за економско прашање, туку треба да се земе во предвид и политичката состојба“, изјави Меркел за новинарите на заедничката прес-конференцијата со претседателот Петро Порошенко во Берлин.
Гасоводот „Северен поток 2“ ја поврзува Германија со Русија под Балтичкото морем а неговата намена има за цел да го удвои постоечкиот капацитет на гасоводот „Северен поток“ што годишно надминува над 55 милијарди кубни метри гас.
Но, критичарите тврдат дека новиот гасовод ќе ја зголеми зависноста од Русија и ќе ги збогати нивните енергетски компании во период кога Москва е обвинета за загрозување на европската безбедност.
Во интервјуто за германски деловен весник ,,Handelsblatt” на 9-ти Април, Порошенко побара од Берлин да се откаже од планот за изградба на новиот гасовод, тврдеќи дека овој проект ќе предизвика „економска и енергетска блокада“ на Украина.
Тој рече дека Русија е „исклучително несигурен партнер“ како доставувач на гас, тврдеќи дека „Газпром“ одбила да плати милијарди долари, откако го стопира снабдувањето со гас и тоа во средината на зимата.