3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА35 починати бебиња за три месеци, Министерството за здравство бележи пад на...

35 починати бебиња за три месеци, Министерството за здравство бележи пад на смртноста

На Клиниката за гинекологија починале 35 новороденчиња за три месеци. Според податоците од Министерството за здравство, најголем дел од бебињата биле предвреме родени со исклучително мал процент на преживување. 80 отсто од бебињата, како што наведуваат од Министерството, починале поради екстремно неразвиени органи и поради исклучително ниска родилна тежина.

„Истакнуваме дека само едно од починатите бебиња е родено во соодветниот термин, но со медицинска аномалија на органите, која не се лекува“, соопштија од Министерството.

Од Министерството за здравство велат дека трендот на смртност на предвреме родени бебиња бележи пад.

„Во 2016 во првите три месеци од годината починале 38 предвреме родени бебиња, додека лани 41 бебе“, додаваат од ресорното министерство.

Во првите три месеци од годинава на Клиниката за гинекологија биле родени вкупно 1.155 бебиња. Од нив 144 биле предвреме родени и биле третирани на одделот за интензивна нега, а 35 починале. Здравствените власти велат дека се преземаат мерки за намалување на црните статистики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП