3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовите најавени даноци ги принудија на протест албанските трговци

Новите најавени даноци ги принудија на протест албанските трговци

Малите трговци во Тирана и неколку други градови во Албанија денеска протестираа со затворање на своите дуќани поради најавените нови даноци за оваа категорија фирми.

Повикот за протести доби силна поддршка од опозицијата така што според албанските медиуми протестот особено доби силна поддршка од трговците во Тирана, Фиер, Драч, Корча, Скадар и Берат.

Голем е бројот на трговците кои 11 до 12 часот ги затворија своите дуќани, и притоа побараа од Владата на Еди Рама намалување на даноците.

Медиумите јавуваат дека во Драч, каде што протестот имал најголема поддршка, е побарано оставка на премиерот Еди Рама бидејќи неговата влада е највиновна за тешката состојба на малите бизниси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП