Доларот вреди повеќе од 63 рубљи за прв пат од декември 2016-та година, откако падна за 4,5%. Еврото е над 78 рубљи во период кога рекордниот пад на нафтените цени и наштетија на руската нафтена индустрија.
Ова е веќе втор ден како руската валута забележа пад за 4,2% на 63,28 рубљи за долар, додека во однос на еврото изгуби 4,4% од вредноста, при тргување на ниво од 7,94 рубљи за евро.
Рускиот индекс„RTS”, преименуван во долари, падна за 4,2% на 1.049 поени, додека ,,MOEX”, преименуван во рубљи, порасна за 1,35% на 2.119 поени.
Рубљата вчера претрпе најголем пад во последниве три години, но и акциите на водечките компании од Русија забележаа пад, веднаш по бурната реакција на инвеститорите по повод американските санкции против Москва.
Санкциите на САД, против голем број на руски бизнисмени, директори и компании, предизвикаа нагло опаѓање на акциите на тие комании, пред се на производителот на алуминиум „Rusal“, но не само оваа компанија, санкциите на САД го раздрмаа и поширокиот пазар, особено банките кои во иднина би можеле да бидат изложени на ризик поради санкционираните компании.
Заменик премиерот на Русија Аркади Дворкович рече дека државата е решена да им даде поддршка на овие компании и да им помогне при нивното стабилизирање како би се спасила работничката класа, а не вредноста на нивните акции.
Санкциите од страна на САД ги замрзнаа средствата на некои поединци, а на Американците, САД им забрани да тргуваат со нив.