ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте бројот на британци со европско државјанство

Расте бројот на британци со европско државјанство

Бројот на британци кои добиле државјанство од други држави кои се наоѓаат во Европската Унија од година во година се повеќе се зголемува.

Германија е меѓу најомилените дестинации на британците, а според „Eurostat“ во 2016-та година оваа земја доделени 2.700 државјанства.

Друга омилена земја на британците е Шведска чие државјанство го добиле 978 лица.

„Eurostat” нема податоци за бројот на доделени државјанства од другите држави пред и по јуни 2016-та година.

Бројот на британции кои станале државјани на некои од земјите на ЕУ бележи континуиран раст. Бројот во 2016-та година е значително зголемен за разлика од оној во 2007-та година.

Податоците што ги објави ,,BBC” минатата година покажаа дека 10.000 британци се пријавиле за државјанство во некои од земјите кои се членки на европската унија, и тоа веднаш по референдумот за напуштање на европската унија. Имено, британците на референдумот на 23-ти јуни 2016-та година гласаа за напуштање на европската унија, но оваа одлука стапува на сила во март 2019-та година. Слободното движење во европската унија ќе важи до 31-ви  декември 2020-та година.

Европската комисија наведе дека во 2016-та година, 995,000 граѓани добиле државјанство во европската унија, многу повеќе во однос на 2015-та година, во која државјанство добиле 841,000 лица.

Најчесто, новите државјани во европската унија доаѓаат од Мароко и Албанија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП