10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ YouTube обвинет за нелегално собирање податоци

И YouTube обвинет за нелегално собирање податоци

По скандалот околу кражбата на податоци на корисниците на социјалната мрежа Facebook, шокантни сознанија испливаа во јавноста и за YouTube, еден од најпопуларните сајтови на светот.

Имено, повеќе од 20 адвокатски и кориснички здруженија го обвинија YouTube дека собира податоци за децата и така ги крши американските закони за заштита на децата.

Пријавата е поднесена до Федералната трговска комисија (FZC), а во неа се наведува дека оваа компанија собирала податоци за деца помлади од 13 години.

Поднесителите на пријавата побараа од Google да ја промени содржината за младата публика и од YouTube побараа да плати висока отштета за илегалниот профит стекнат преку навиката на децата.

Групата тврди дека Google собирал лични податоци за децата помлади од 13 години, вклучувајќи информации како што се број на телефон, нивна локација и активности, и ги употребувал за да им пласира реклами без родителска согласност.

„Google, токму како и Facebook, своето внимание го насочил на големата добивка наместо на заштитата на приватноста“, наведува Џеф Честер од Центарот за дигитална демократија, една од водечките адвокатски групи, која учествуваше во поднесувањето на пријавата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП