ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје ќе биде домаќин на првиот Дигитален самит за Западен Балкан

Скопје ќе биде домаќин на првиот Дигитален самит за Западен Балкан

Првиот Дигитален самит за Западен Балкан ќе се одржи на 18 и 19 април во Скопје, на кој ќе учествуваат шефови на влади од Западен Балкан, министри одговорни за дигиталната агенда од земјите на Западен Балкан и земјите членки на Европската Унија (ЕУ) кои учествуваат во Берлинскиот процес, Европската комисија (ЕК), Советот за регионална соработка, претставници од ИТ-индустрии и бизниси, академици, млади, со цел да се реализираат видливи резултати кога станува збор за дигитална платформа за размена на идеи и предлози.

Министерството за информатичко општество и администрација и Владата ќе бидат домаќин на Самиот во Скопје, во соработка со Советот за регионална соработка, и другите влади од Западен Балкан, ЕК и Германското федерално министерство за економски прашања и енергија.

На самитот ќе има панел-дискусии за дигитално поврзување; интегрирање на економиите на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар; подобрување на сајбер- безбедноста; подобрување на дигиталните вештини; дигитализација на индустријата и интерактивни дискусии помеѓу владите, академиците, претпријатијата, иноваторите, граѓанските организации, младинските организации итн.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП