3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА22 сообраќајки и 12 повредени во Скопје за време на продолжениот викенд

22 сообраќајки и 12 повредени во Скопје за време на продолжениот викенд

Во текот на изминатите денови на подрачјето на Скопје се случиле 22 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, седум со телесни повреди и 14 со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 11 лица се здобиле со лесни телесни повреди.

Санкционирани се 21 возач бидејќи се возеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени 49 возачи, и тоа: 44 возачи затоа што управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, тројца биле возачи почетници, а двајца бидејќи возеле под дејство на алкохол.

Исто така, девет возачи се санкциониран бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, а петмина неправилно се престроиле. Покрај ова од сообраќај се исклучени 34 возила – од нив 30 поради тоа што биле нерегистрирани и четири возила затоа што биле технички неисправни.

Во однос на пешаците – двајца пешаци се санкциониран бидејќи поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 79 мандатни платни налози, додека 30 возила се подигнати со „пајак”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП