ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Виена ќе биде отворен најголемиот саем за енергетика

Во Виена ќе биде отворен најголемиот саем за енергетика

naturalenergy2

Во Виена, Австрија денеска официјално ќе биде отворен најголемиот саем за енергетика во Европа „Power Gen Europe 2013“ на кој и годинава со свој штанд во саемскиот дел за промоција на обновливи извори на енергија ќе биде присутна  и македонската компанија за производстгво на електрична енергија   АД „Електрани на Македонија“ – ЕЛЕМ.

Ова е трето учество на АД ЕЛЕМ на „Power Gen Europe“, саемот на кој со свои штандови и презентации учествуваат компании од сите континенти. Повеќе од една деценија саемот на едно место ги собира најголемите светски брендови чија основна дејност е производство на енергија, но и компании кои произведуваат опрема за енергетски капацитети.

Пред две години во Милано и лани во Келн штандот на единствената македонска компанија која доесега излагала на најголемиот саем за енергетика го посетија преку 3.000 посетители и се воспостави комуникација со најголемите компании.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП