20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските дизелаши завршуваат во Југоисточна Европа, Бугарија лани увезла 35.000

Германските дизелаши завршуваат во Југоисточна Европа, Бугарија лани увезла 35.000

Откако многу западни Европејци одлучија да го напуштат дизелот, десетици илјади половни возила завршуваат во Југоисточна Европа.

Само во 2017 година, Бугарија увезла повеќе од 100.000 половни автомобили, вклучувајќи 35,000 дизелаши, соопшти европското здружение „Transport & Environment “ вчера во Брисел.

Секој втор дизел автомобил е постар од десет години.

Во случајот со дизел автомобилите кои минатата година се увезени во Бугарија, емисијата од опасниот јаглероден оксид во просек е дваесет пати поголема од границата на ЕУ за новите автомобили. Исто така во старите автомобили нема стандарден филтер чистач, се пожалија од здружението.

Дизелот ја загуби репутацијата со откритието на манипулациите со издувни гасови и стравот од забрана за возење во Германија и други земји.

Здружението „Transport & Environment“ го разгледуваше извозот во Бугарија, бидејќи таа земја во моментот го држи Претседателството на ЕУ и е домаќин на неформалниот состанок на министрите за заштита на природната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП