3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите Руси изгубиле 16 милијарди долари за еден ден

Најбогатите Руси изгубиле 16 милијарди долари за еден ден

Вчера беше болен ден за руските милијардери.

Општото богатство на најбогатите луѓе во земјата се намали за 16 милијарди долари во понеделникот, со што беше избришан целиот раст од почетокот на годината, откако од САД воведоа нови сакции минатата недела.

Вкупно 26 од 27 Руси вклучени во индексот на милијардери на „Блумберг“ вчера изгубиле пари.

Најголемиот губитник е Владимир Потанин кој се занимава со копање на никел во Сибир, а чие богатство се стопи со 2,25 милијарди долари.

Главниот извршен директор на Лукоил, Вагит Алекперов пак е осиромашен со 1.37 милијарди долари, додека богатството на Виктор Векселберг од „Ренова груп“ е намалено за 1.28 милијарди долари.

Векселберг е еден од седумте руски олигарси, санкционирани минатата недела од администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, како одговор мерка против мешањето на Москва во претседателските избори на САД во 2016-та година.

Олег Дерипаска, кој исто така беше меѓу казнетите, изгубил 905 милиони долари вчера, а неговото богатство се намалува со над 2 милијарди долари во последните две трговски сесии.

Загубите на Дерипаска доаѓаат од неговиот индустриски конгломерат „En + Group Plc“, чии акции поевтинија за 54% од четвртокот наваму, според податоците на Лондонската берза.

Преку „EN +“, Дерипаска е сопственик на половина од вториот најголем производител на алуминиум во светот, „Русал“, кој исто така беше под влијание на санкциите.

Акциите паднаа вчера кога „MOEX Russia“ изгуби 8,3%, што претставува најголем пад за четири години. Рубљата падна за 3,7 отсто на 60,3 во однос на доларот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП