2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската Комисија отвори истрага против Словенија поради НЛБ банка

Европската Комисија отвори истрага против Словенија поради НЛБ банка

Европската комисија отвори истрага против Словенија поради сомневање дека ја санирала “Нова љубљанска банка”(НЛБ) спротивно на правилата и обврските на Европската Унија.

Покрај тоа, Словенија е под истрага и поради тоа што ја откажа продажбата на НЛБ банка, пишува “Јутарњи лист” од Загреб.

“Крајниот рок за продажбата на 50 отсто од НЛБ истече на 31 декември 2017 година. Покрај тоа, Словенија до 31 ноември 2017 година не предложи доверители за продажба на странските подружници на НЛБ на Балканот”, наведува Европската комисија, која ќе ја процесуира Словенија за прекршување на одредбите од договорот со ЕУ за државна помош.

Одлуката, да се отвори истрага укажува на поддршката што словенечката влада и ја даде на НЛБ, за кои Брисел се сомнева дека е спротивна на правилата на Унијата, а чија вкупна вредност изнесува една милијарда и 600 милиони евра.

Ако Словенија на крајот биде прогласена за виновна за кршење на правилата за обезбедување на поддршка во случајот со НЛБ, и доколку Европскиот суд како конечен авторитет така одлучи, НЛБ ќе мора да ги врати примените пари, кое би ја довело во прашање нејзината ликвидност.

Словенечкит весник “Finance”, разгледува сценарио според кое Европската Комисијата може да и наложи на Љубљана да продаде повеќе од 50 отсто од капиталот на НЛБ.

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП