26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВлезете во мозокот на вашиот работодавец

Влезете во мозокот на вашиот работодавец

meeting

Кандидатите на разговор за работа кажуваат многу работи, исто како работодавецот.

Кога вашиот работодавец ќе ви открие што всушност очекува од вас, тоа сигурно би биле следниве неколку работи:

Сакам да бидете симпатични

Секој сака да работи со луѓе кои се симпатични и на кого самиот тој е симпатичен. Затоа сакам да сте добро расположeни, како ваш соговорник да ме гледате во очи, да седите исправено, но не укочено.

Сакам да ве прашам за работите кои навистина ви се важни

Сакам да знам дали се исплати да ве вработам токму вас, но исто така ми е важно таа работа да ви одговара и вас. Поставувајте ми прашања. Вие самите најдобро знаете кога уживате во работата што ја работите и кога таа ви е важна.

Резервиран сум ако кажете веднаш дека ја прифаќате работата

Секако сакам да ја сакате оваа работа – но не пред да дознаете за што всушност станува збор. Можеби ќе очекувам да работите по 60 часови неделно.

Сакам да се истакнете

Најверојато ќе ве запамтам по деталите кои мене ми оставиле посебен впечаток. Тоа може да биде и вашето хоби, некоја необична информација поврзана за вашата кариера и слично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП