12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар адаптираше современ простор за времен престој на децата со церебрална...

Општина Центар адаптираше современ простор за времен престој на децата со церебрална парализа

Од наредната недела , 40 деца од Центарот за деца со церебрална парализа ќе се преселат во нов времен објект до ООУ„11 Октомври“, кој е во сопственост на општина Центар.

Поради изградбата на новото училиште во населбата Капиштец, имаше потреба од дислокација на Центарот. Но и условите за престој на децата во досегашниот објект не беа на потребното ниво.

Новата локација е со површина од 250 м2, и е целосно адаптирана за престој на овие лица. Изградена е рампа за пристап до улицата.

Овој објект ќе биде нивно катче за престој, рекреација и забава во текот на периодот до изградба на училиштето. Новиот простор е во согласност со стандардите за пристапност, движење и опслужување на лицата кои се движат со помагала со соодветно прилагодени тоалети.

Објектот, општина Центар ќе го предаде на Министерството за труд и социјална политика која треба да ја пресели опремата. Децата ќе имаат физиотерапевтска и дефектолошка поддршка по сите принципи и стандарди.

По изградбата, тие добиваат на користење 300 м2 простор и најсовремени услови во новото училиште „Капиштец“ .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП