5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Coinbase" сака да стане првата криптоберза

“Coinbase” сака да стане првата криптоберза

Американските регулатори – SEC, предводени од претседателот Џеј Клејтон во февруари изјавија дека се размислува за ICO(initial coin offering) токени, односно криптовалути понудени преку иницијална понуда на криптовалути класифицирани како обврзници, пишува списанието Bitcoin.

Тоа ќе значи преседан во крипто-светот бидејќи дигиталните валути кои досега избегнуваа контрола и независно генерираа многу пари, наидоа под лупа на главното финансиско регулаторно тело.

Чинејки се дека во иднина новиот регулациски тренд е неизбежен, Coinbase, компанијата вредна 1,6 милијарди долари сака да стане лидер на “новиот крипто-свет” и да се регистрира како брокерска куќа заканувајки и се на конкуренцијата.

Coinbase сака да ја прошири понудата од досегашните четири криптовлути кои сега ги нуди – Bitcoin, Ethereum, litcoin и Bitcoin cash, според Business Insider.

Според списанието Bitcoin, патот до брокерска куќа, за Coinbase бара многу папирологија. Ако ICO токените навистина можат да бидат  легално класифицирани како обврзници, секоја берза која ќе ја излиста оваа дигитална валута ќе треба да се регистрира како Национална берза за обврзници или како Алтернативен трговски систем(ATS), што значи да работи ослободен од постојниот регулаторен закон. Со други зборови, за да стане бизнис субјект, мора да се регистрира во SEC како брокерска куќа, а тоа е токму патот по кој Coinbase треба да оди.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП