2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија претставена во водечкиот туристички магазин во Унгарија

Македонија претставена во водечкиот туристички магазин во Унгарија

106634389

Водечкиот унгарски магазин за туризам и патувања „Експлорер“ како главна тема во последниот број ја претставува Македонија, нејзиното културно-историско наследство и потенцијали во туризмот.

106634467

На осум страници на списанието, под наслов „Македонија, лулка на цивилизацијата” претставени се најголемите туристички атракции во државата.

Известувањето е резултат на посетата на уредникот на магазинот на Македонија, иницирана од Македонската амбасада во Унгарија, а со финансиска и логистичка поддршка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во РМ.

106634423

Магазинот „Explorer“ има над 12.000 претплатници во Унгарија и неговата веб-страна е една од најпосетуваните во државата.

106634412

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП