3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЈазикот побрз од паметот: Она што никогаш не смеете да го кажете...

Јазикот побрз од паметот: Она што никогаш не смеете да го кажете пред колегите

kolegi5

Работното место речиси секогаш е средина во која се помешани различни луѓе, односно место каде секој има различни ставови и убедувања.

Поради овие причини некои од работите никогаш не смеете да им ги кажете на колегите, особено кога станува збор за чувствителни теми како што е политиката и религијата.

1. Не ги откривајте вашите лични податоци

И покрај фактот што со колегите го поминуваме најголемиот дел од денот и дека со некои од нив стануваме и многу блиски, сепак внимавајте што и на кого му кажувате, бидејќи никогаш не се знае како таа информација подоцна може да биде употребена.

2.Религија

Без оглед на вашето религиско определување, верувањето во Бог или неверувањето, никогаш не го истакнувајте јавно вашето мислење поврзано со религијата.

3. Политика

Ова е уште една тема која треба да ја одбегнувате. Без разлика колку добро стоите со вашите колеги, ваквите теми и различните мислења и ставови можат да доведат до кофликт.

4. Фалење

Ова траба по секоја цена да го одбегнувате, бидејки со тоа оставате погрешна слика за себе, а воедно може да предизвикате и љубомора кај колегите, а тоа не ви е потребно.

6. Постојано жалење од работата

Сите кои работат се на работното место исклучиво поради една работа, а тоа е работата. Ако постојано се жалите колку многу работите и како имате многу работа, ќе создадете отпор кај колегите, бидејќи никој на работа не е дојден да си игра, туку да работи како и вие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП