15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ Финска дава „зелено светло“ за „Северен поток 2“

И Финска дава „зелено светло“ за „Северен поток 2“

Проширувањето на „Северен поток 2“ доби дозвола за градба и во ексклузивна економска зона на Финска од Министерството за економија, соопшти „Газпром“. Должината на делот од Балтичкото Море е 374 километри. Вкупната должина на гасоводот е 1.200 километри.

Проектот има потреба од уште едно одобрение – според Законот за водите, за да може да започне со изградбата во територијалните води на Финска. Се очекува дека ова ќе се случи во наредните недели.

Во март германските власти ги дадоа сите потребни дозволи за изградба на „Северен поток 2“. Сега проектната компанија „Nord Stream AG“ очекува и одобрување од властите во Данска, Шведска и Русија.

Цевките на новиот гасовод ќе бидат поставени паралелно со тековниот „Северна поток“. Моќта на проектот е 55 милијарди кубни метри годишно. „Газпром“ во своето соопштение вели дека зголемениот обем на гас ќе помогне во намалувањето на емисиите на „CO2“. Гасот може да се користи за производство на електрична енергија која ќе ја балансира зелената енергија.

Според Русија проектот е целосно потчинет од економската логика и како доказ го покажуваат растот на испораките на „Северен поток“ во моментов. Во финансирањето на проектот учествуваат и пет големи западни компании – „OMV“, „Uniper“, „Engie“, „Shell“ и „Wintershall“.

Проектот сепак ја подели Европа – земјите од Централна и Источна Европа инсистираат дека тој ќе ја зголеми зависноста на заедницата од рускиот природен гас, а Москва ќе ги користи цевките како геополитичко оружје.

Голем лобист за „Северен поток 2“, сепак е најголемата европска економија – Германија. Јасна поддршка за проектот беше изразена и од Австрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП