25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШилегов во посета на збратимениот град Сарево по повод шести април –...

Шилегов во посета на збратимениот град Сарево по повод шести април – Денот на градот

Делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот, Петре Шилегов, го посети збратимениот град Сараево, по повод 6 април – денот на градот. Овој датум е еден од најважните датуми во историјата на Град Сараево, ден кога се одбележува годишнината од опсадата на Сараево во 1992, како и на ослободувањето во 1945 година.

Како што информираат од Град Скопје, во рамките на возвратната посета на Сараево по покана на сараевскиот градоначалникот, Абдулах Скака, Шилегов имаше чест да присуствува и на пуштањето на новата жичарница во Сараево, заедно со голем број гости, вклучувајќи ги и градоначалниците на Љубљана, Загреб, Дубровник, Виена и Анкара.

Имајќи го предвид традиционалното пријателство на Град Скопје и Град Сараево, а со желба да се збогатат постојните врски и соработката меѓу двата града, градоначалниците Шилегов и Скака, размениле информации за развојните визии во дејствувањето и надлежностите на градските управи, негувањето на историското наследство, организирањето на културните настани и развивањето на туризмот.

На средбата со Скака, Шилегов бил запознаен и со сегашната состојба и со планираните развојни проекти во Сараево, а исто така се дискутирало и за транспортната поврзаност, сообраќајните решенија и инфраструктурните прашања во главните градови на Македонија и Босна и Херцеговина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП