25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДомаќинствата во еврозоната заштедуваат 12,2% од нивниот приход

Домаќинствата во еврозоната заштедуваат 12,2% од нивниот приход

Заштедите на домаќинствата во еврозоната достигнаа 12,2% од расположливиот доход во четвртиот квартал од минатата година. Ова го покажуваат првичните податоци на „Еуростат“. Споредено со третиот квартал, имаше мало зголемување – тогаш учеството достигна 12%.

Сепак, инвестициите остануваат на исто ниво – 8,8% во четвртиот квартал. Инвестициите во домаќинството главно се насочени кон купување или реновирање на становите, забележува Европскиот завод за статистика во неговата методологија.

Деловните инвестиции во еврозоната достигнаа 22,8% во четвртиот квартал од 2017-та година, покажуваат податоците на „Еуростат“. Во претходниот квартал нивниот удел изнесуваше 22,5%.

„Еуростат“ ги мери инвестициите на нефинансиските институции во основни средства – згради и опрема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП