Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,600.00 0.8%    GRNT 1,006.66 0.26%    KMB 6,888.28 1.97%    MTUR 3,900.00 -2.5%    REPL 87,000.00 2.62%    STB 1,167.91 -1.22%    TETE 1,946.00 2.96%    TTK 1,350.00 2.27%    UNI 2,400.00 0%    ZPKO 2,575.00 3%    

„Анима Мунди“ со кривична пријава за политичарите кои се фотографирале со убиените диви свињи во „Јасен“

Време: 11:38

Датум: април 7, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Од невладината организација „Анима Мунди“ најавија кривична пријава за инволвираните лица кои се фотографиле со убиените диви свињи во националниот парк „Јасен“, во согласност со „Законот за ловство“. „Очекуваме најстрога казна за прекршување на периодот за ловостој над дивите свињи во државното и како себеси се нарекуваат ВИП ловиште Јасен“, пишува во обраќањето до јавноста.

Во обраќањето на невладината организација се додава: „Амбиент од штотуку масакрирани 57 интелигентни и свесни живи битија, мирис на крв е нешто што предизвикува на секој нормален човек да му се згади. Но не и на наоружани до заби насилници умствено заглавени некаде таму во пештерско доба, кои во убивањето и смртта на послабите доживуваат своевидна екстаза, чувствуваат доминација и сила; задоволство – нас не би не чудело – слично на онаа при сексуално доживување“, напишаа од „Анима Мунди“.

Од невладината организација додаваат: „Довчерашните високи политичари не се сликани како уживаат во природа бидејќи очигледно тоа им причинува далеку поскромно задоволство; фотографирани се со убиени животни кои живееле во оградена површина, без моќ да се заштитат и избегаат; кои биле убиени од забава како лесен плен и за чија хајка и смрт горенаведените имале пари да платат“.

Во соопштението се додава дека цивилизиран човек е само оној кој има почит кон сите живи битија, а не оној кој ги деградира нивните живеалишта, им упаѓа во животната и природна територија, наоружан до заби се сили и убива. „Ако го сметаат ловот за натпревар, спорт, ние би ги пуштиле голи и боси да се снајдат во шума. Сеедно дали умира човек или животно, самиот процес на убивање, страдањето, стравот се секогаш идентични. Слични на ловџиите се и сериските убијци кои се возбудуваат и вака го сликаат својот човечки плен. Да се знае – насилниот облик на однесување кај ловџиите е очигледно аномалија, грешка на природата, затоа што ниту едно друго битие, вклучително доминантните месојадни животински видови не убиваат од забава“, се додава во соопштението.

Тие прашуваат до кога Македонија ќе толерира и заработува од, како што велат, најбрутална експлоатација на природата? „До кога ќе бидеме омилена дестинација за убивање на илјадници ловџии кои кај нас доаѓаат и масакрираат животински видови кои во нивните матични држави се најстрого заштитени со закон“, пишува во соопштението.

Во саботата на 31. март, за само неколку часа се отстрелани 57 диви свињи, од кои 21 трофејна, иако ловот на крупен дивеч во ловиштето „Јасен“ завршува  заклучно со 31. јануари.

Дел од ловџискиот тим за „масакр“ биле и Хари Костов (поранешен премиер  и министер во МВР), Нано Ружин (поранешен амбасадор) и Бранко  Бојчевски (поранешен директор на Бирото за јавна безбедност). За своето задоволство групата ловџии платиле само 2400 евра, пишува порталот Нетпрес.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Јавниот долг на Велика Британија достигна рекордно ниво

    Јавниот долг на Велика Британија достигна рекордно ниво

    Британските јавни заеми се зголемија на 35,920 милијарди фунти (45,8 милијарди долари) во август, што е рекордно високо ниво за месец, иако е под пиковите…

  • Европската комисија прави чекор напред во регулирањето на криптовалутите во блокот

    Европската комисија прави чекор напред во регулирањето на криптовалутите во блокот

    Како дел од новата иницијатива презентирана во четвртокот, Европската комисија ќе утврди јасни правила за криптовалутите, кои честопати не спаѓаат во рамките на традиционалното финансиско…

  • Прометот кај услугите во вториот кварал со пад од 34,8 отсто, кај туристичките агенции и туроператори од 99 отсто

    Прометот кај услугите во вториот кварал со пад од 34,8 отсто, кај туристичките агенции и туроператори од 99 отсто

    Прометот од продажба на услугите во второто тримесечје од годинава во однос на истиот период лани забележува пад од 34,8 отсто, објави Државниот завод за…

  • Мурињо: Помислив дека сум пораснал, но всушност голот беше за пет сантиметри понизок

    Мурињо: Помислив дека сум пораснал, но всушност голот беше за пет сантиметри понизок

    “Помислив дека сум пораснал, но всушност голот беше за пет сантиметри понизок. Голманите тоа веднаш го забележаа затоа што живеат меѓу стативите. Дојде делегатот и…

  • Меси кон Суарез: Не заслужи да се однесуваат така со тебе

    Меси кон Суарез: Не заслужи да се однесуваат така со тебе

    Капитенот на Барселона, Лионел Меси преку социјалните мрежи денес се прости од својот поранешен соиграч Луис Суарез, со кого е голем пријател. – Кога денес…

  • ГРЕКО цени дека Македонија напредува во борбата со корупцијата

    ГРЕКО цени дека Македонија напредува во борбата со корупцијата

    Новиот извештај на ГРЕКО нотира напредок во борбата со корупцијата во Македонија. „Ја напуштивме групата на глобално незадоволителни држави. Ова е голем упех за нас…

  • Нашиот северен сосед Србија со просечна плата од над 511 евра

    Нашиот северен сосед Србија со просечна плата од над 511 евра

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека со гордост може да им каже на граѓаните дека просечната плата во јули, среде пандемија на коронавирусот беше…

  • ФИТР и УНДП потпишаа договор за дигитализација на општините – пилот фаза

    ФИТР и УНДП потпишаа договор за дигитализација на општините – пилот фаза

    Фондот за иновации и технолошки развој и УНДП (Програма за развој на Обединетите Нации) ќе работат на дигитализација на услугите што ги нудат општините за граѓаните. Проектот…

  • Насмеаните луѓе живеат подолго и заработуваат повеќе

    Насмеаните луѓе живеат подолго и заработуваат повеќе

    Истражувањата покажуваат дека луѓето кои повеќе се смеат живеат подолго, заработуваат повеќе и другите повеќе им веруваат. Луѓето кои искрено се смеат им испраќаат порака…

  • Онлајн продавницата „Митра“ слави прв роденден со виртуелен „Митрафест“

    Онлајн продавницата „Митра“ слави прв роденден со виртуелен „Митрафест“

    Македонската онлајн продавница „Митра“ прославува една година постоење. По повод роденденот, а истовремено почитувајќи ја моменталната здравствена ситуација, „Митра“ го организира виртуелниот музички фестивал  „Митрафест“ на…